H&M дава награда од 1 милион евра за нови технологии за рециклирање

74

1

Шведскиот моден ланец за облека H&M ќе доделува награда од еден милион евра за нова технологија за рециклирање на облека. H&M Conscious Foundation ја лансираше Global Change Award за иновации во рана фаза и е прва од ваков вид во модната индустрија. Со промоција на “зеленото”, целта на предизвикот е да се зачуваат природните ресурси на земјата.

Наградниот фонд ќе го поделат вкупно пет победници со добри идеи, што ќе бидат избрани од стручно жири. Победниците ќе бидат прогласени на церемонија што ќе се одржи во февруари 2016 година во Стокхолм.

“Идеи што ја менуваат играта можат да дојдат од секаде, па предизвикот е отворен за сите. Секоја година Global Change Award има за цел да најде храбри и смели идеи кои ќе направат промени. Сакам  да видам како индустријата за производство на облека ќе го прифати овој предизвик за да се затвори кругот”, вели Карл Јохан Персон, член на Фондацијата и извршен директор на H&M, стои во соопштението објавено на интернет страната на компанијата.

hm

H&M Conscious Foundation е непрофитна глобална фондација, основана од фамилијата Персон, основачите и сопственици на модниот ланец. Мисијата на Фондацијата е да воведува иновативни идеи, позитивни промени на долг рок, подобрување на условите за живеење преку инвестирање во луѓето и заедниците. Наградата е еден од најголемите предизвици со кои денес се соочува модната индустрија – да се создадат модни парчиња за популацијата чија бројка е во пораст, а да се намали влијанието врз животната средина.

H&M вложува напори во промовирање на рециклирањето како начин за намалување на влијанието врз животната средина и за таа цел ќе лансира линија на џинс што содржи рециклиран памук.