H&M ја проширува интернет трговијата со половна облека во 20 земји

57

Шведската интернет продавница за половни предмети, Sellpy, во мнозинска сопственост на модниот гигант H&M, ќе биде присутна на уште 20 европски пазари, бидејќи очекува раст на побарувачката за половна облека и понатаму да расте.

Според Sellpy, second hand е еден од најбрзорастечките сегменти на пазарот во модната индустрија.

“Секое парче облека купен од неговиот претходен сопственик штеди ресурси за нашата планета. Побарувачката за нашиот нов пазар брзо расте“, вели Густав Весман, менаџер задолжен за ширење на бизнисот.

Бидејќи потрошувачите стануваат сè повеќе свесни за потеклото и одржливоста на облеката, модната индустрија се најде под лупа поради поттикнување на фрлање на облеката.

H&M, којшто очекува дополнителни приходи по неколку тешки години, бележи пораст на продажбата во многу свои продавници.

Првиот удел во Sellpy го купи во 2015 година, а вкупно во тој бизнис вложи 20 милиони евра и сега има 70% од сопственоста во компанијата.

Sellpy објави дека со H&M започна соработка којашто ќе им овозможи пристап до нивните складишта во Полска, но и до услугите за дистрибуција, контрола на квалитет на облеката и менаџирање со нарачки.

На почетокот на месецот, конкурентот од Литванија, Vinted, собра 250 милиони евра за понатамошно ширење во Европа и во други делов од светот, а притоа вредноста му се проценува на 3,5 милијарди евра.

Фото: Pexels