H&M ќе лансира линија на декоративна козметика

25

HM-Beauty-2015-600x449Светски познатиот бренд за облека H&M наесен ќе лансира линија на декоративна козметика. Производите за убавина ќе се најдат на полиците во 900 продавници ширум светот.

Според изјавите на компанијата H&M Beauty, линијата ќе содржи 700 производи за тело и коса, модни додатоци и шминка.

Ќе биде достапна и премиум линија сертифицирана од Ecocert.

“Многу сме задоволни што портфолиото на H&M од сега ќе вклучува и козметички производи. Ова е можност да се биде инвентивен, креативен и да се забавуваме со боите и модата”,  изјави главниот дизајнер на H&M Beauty, Сара Валандер.

Новата линија ќе биде достапна и онлајн, со нова ограничена серија на производи секоја сезона.