H&M отвори онлајн продавница во Бугарија

56

h&m

H&M отвори онлајн продавница во Бугарија. Онлајн платформата, покрај широкиот спектар на облека и додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца, како и облека за бремени, ќе нуди дополнителен концепт – H&M Home, сезонска селекција на производи за секоја соба во домот (крпи, постелнина, завеси…), пишува софиски Капитал.

Бугарија е меѓу првите пазари во кои стартуваше платформата за онлајн шопинг, заедно со Белгија, Чешка, Унгарија, Полска, Португалија, Романија и Словачка.

Неодамна раководството на H&M соопшти дека минатата година беше успешна – компанијата забележа раст на продажбата од 47% во Бугарија.