H&M почна со онлајн продажба во Хрватска

23

hm

Модниот ланец H&M од вчера почна со онлајн продажба во Хрватска. Во онлајн продавницата ќе бидат понудени и артикли што ќе се продаваат само преку интернет.

Регионалниот менаџер на компанијата за Хрватска, Словенија, Србија и Австрија, Клаудија Освалд истакна дека отворањето на онлајн продавница за Хрватска е значаен чекор кој во потполност ја заокружува понудата на H&M, пишува Банка.