H&M под истрага поради наводна дискриминација на купувачи во Шведска

50

Шведскиот текстилен бренд Hennes & Mauritz (H&M) е под истрага поради наводи дека дискриминирал купувачи врз основа на етничка припадност во Шведска.

Луѓе со поинакво етничко потекло, освен шведско, требало да покажуваат сметка кога ги менувале купените производи, тврди шведскиот народен правобранител.

Локален весник во Шведска објавил снимки на купувачи од различно етничко потекло кои се одбиени при обид да заменат производи коишто и понатаму имале етикети со цени. Некои од купувачите имале сокриени камери.

“Информациите кои се појавуваат во медиумите информираат дека кон купувачите се однесувале полошо од останатите поради нивната етничка припадност, што е причина народниот правобранител да побара одговор од компанијата“, рекол Лар Архениус од весникот.

Од H&M потврдиле дека контактирале со народниот правобранител, но не дале друг коментар.

Фото: Facebook