Германската влада разгледува начини да го поддржи Фолксваген, изјави германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек, по најавата за отпуштања во најголемиот производител на автомобили во земјата.
Тој ја истакна важноста на таа компанија за земјата и најави дека денеска ќе ја посети нејзината фабрика во градот Емден, пренесе Ројтерс.
Фолксваген овој месец соопшти дека треба значително да ги намали трошоците за производство во Германија, наведувајќи ги високите трошоци, ниската продуктивност и тешката конкуренција.