Хабек „удри“ по Америка: Цените на гасот им се „астрономски“

137

Во потрага по алтернативен руски гас, земјите од ЕУ треба да плаќаат многу повисоки цени,  поради што германскиот министер за економија Роберт Хабек критикуваше одредени земји кои снабдуваат гас по огромни цени, пред се САД.

„САД се свртеа кон нас кога цените на нафтата вртоглаво пораснаа, а потоа националните нафтени резерви беа исцедени во Европа. Мислам дека таквата солидарност би била добра сега за намалување на цената на гасот“, рече тој.

Според министерот, ЕУ треба да ја обедини својата пазарна моќ и да го координира паметното и синхронизирано купување, за поединечни земји да не се натпреваруваат и само да поттикнуваат раст на цените на светските пазари.

„Европската пазарна моќ е огромна и таа мора да се искористи“, нагласи Хабек.