Дваесет и шестгодишен хакер од Турција е осуден на вкупно 334 години затвор за кражба на податоци од кредитни картички, пишува Заман.
Хакерот Онур Копчак првично беше осуден на 199 години, седум месеци и 10 дена затвор во 2013 година, по жалбите на 43 клиенти на тамошните банки.
Оваа година, Копчак доби уште една казна во висина од 135 години поради кражба на податоци на 11 клиенти и вмешаност во сајбер криминал.
Копчак во овој момент издржува затворска казна во турската провинција Адана, а се очекува да добие условна казна по 28 години.