Хакери од Северна Кореја украле 1,3 милијарди долари од САД

24

САД обвинија тројца севернокорејски информатичари за масовни хакерски напади преку коишто украле над 1,3 милијарди долари (во обични и криптовалути), со што биле опфатени различни компании, од банки до филмски студија во Холивуд, пренесува Ројтерс.

Во обвинението се спомнуваат три лица на возраст од 27 до 36 години, кои украле пари додека работеле за севернокорејската воена разузнавачка служба.

Хакерите, според американското Министерство за правда, се одговорни за различни криминални дела, вклучувајќи напад на Sony Pictures Entertainment за продукција на филмот Interview, во коешто е прикажан атентат на лидерот на Северна Кореја.

Групата, исто така, нападнала неколку филмски и театарски студија што работеле на драмска серија за Северна Кореја.

Министерството наведува дека тројцата хакери учествувале во создавање на WannaCry 2.0 – рансомвер којшто тешко ја погоди британската национална здравствена служба во 2017 година.

Фото: Pexels