Хакери од Северна Кореја украле криптовалути во вредност од 400 милиони долари

245

Во 2021 година, хакери од Северна Кореја украдоа криптовалути во вредност од 400 милиони долари во најмалку седум напади на платформи за дигитални пари. Компанијата за анализа на блокчејн Chainalysis рече дека минатата година беше една од најуспешните за сајбер криминал во Северна Кореја.

Нападите главно биле насочени кон инвестициски фирми и централизирани берзи, додека Северна Кореја категорично негираше вмешаност во нападите, јавува Би-Би-Си. Од 2020 до 2021 година, бројот на хакерски напади од Северна Кореја се зголеми, како и вредноста на украдените дигитални пари.

Хакерите користеле различни техники, вклучувајќи кражба на идентитет, експлоатација на код и малициозен софтвер, за да извлечат средства од „жешките паричници“ на организациите, а потоа да ги префрлат на адреси контролирани од Северна Кореја, вели Chainanalysis.