Хакерите кои за забава украдоа над 600 милиони долари, вратиле 260 милиони долари во крипто – валути

115

Хакери одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од една третина од украдените речиси 600 милиони долари, пренесе Ројтерс.

Poly Network, децентрализирана финансиска платформа која посредува во трансакции peer-2-peer, објави вест на Тwitter дека е хакирана.

Вредноста на средствата во паричниците беше нешто повеќе од 600 милиони долари.

Poly Network подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, велејќи дека планира да преземе правни мерки.

Блокчејн форензичката фирма Chainalysis соопшти дека се вратени околу 260,97 милиони долари во крипто -валути.

Хакерите рекоа дека го извршиле грабежот за забава и дека сакаат да ја покажат ранливоста на платформата пред другите да го искористат тоа, наведоа од  компаниите Elliptic и Chainalysis.

Фото: Pixabay