Хакерски напад на Солана блокчејнот, украдени 320 милиони долари

109

Хакери украле повеќе од 320 милиони долари во криптовалути во напад на еден од најпопуларните мостови што ги поврзува Етереум (ETH) и Солана (SOL) блокчеините.

Нападот се случил во средата попладне, јавува CNBC.

Тоа е втора најголема кражба досега, по грабежот на крипто-средства од 600 милиони долари на „Poly Network“, а воедно и најголемиот напад досега врз блокчејнот Солана, ривал на Етереум, кој зема замав во екосистемот на незаменливи токени (NFT) и децентрализирани финансиски платформи (DeFi).