Фото: Facebook
Американската компанија Gaumard создаде педијатриски робот што ќе им биде од корист на студенти по медицина. Станува збор за роботот Hal, којшто симулира различни емоции и на тој начин студентите ќе можат полесно да научат да воспостават комуникација со нивните идни пациенти.
Роботот може да симулира и различни изрази на лицето (гнев, болка, загриженост, вознемиреност, плачење, зевање…), а и да прикаже како може да се чувствува во даден момент.
Студентите преку Hal ќе може да практикуваат различни лекарски активности, без да се плашат дека може да погрешат.