Халили: Криптовалутите стануваат реалност и нема зошто да се плашиме

72

Биткоинот во последната година доби на популарност и сега со него тргуваат и обични луѓе, инвестициони фондови и големи корпорации.

Економскиот аналитичар Арбен Халили за Локално вели дека треба да се биде внимателен во вложувањето на криптовалути, но и дека тоа е реалноста и дека не треба да се плашиме од воспостaвувањето на дигиталните пари.

“Тоа е исто како на некој да му кажеше пред 20 години да плаќа со кредитна картичка, секако дека со голема несигурност ќе гледа. Или пак пред 10 години дека сите плаќања ќе може да ги извршуваме преку телефон?! Денес е тоа реалност и скоро сите така функционираме. Сегментот на криптовалутите, се повеќе станува реалност и кај нас и од тоа нема зошто да се плашиме. Тоа што треба да се овозможи е цврста легална и финансиска регулатива, која што ќе овозможи конкретни чекори, односно ќе се регулира пазарот на капитал со дополнителни траnсанкции како што се тие со криптовалути. Тоа што веќе е реалност во поголемите бизнис центри, за само неколку години ќе биде секојдневие и кај нас“, објаснува Халили.

Фото: Pexels