Халк Банка АД Скопје е нова членка на Македонска берза

204

Македонска берза соопшти дека врз основа на Одлуката бр.02-923/1 донесена од страна на Одборот на директори на Берзата, овластениот учесник на пазарот за хартии од вредност Халк Банка АД Скопје е примен во членство на Македонската берза АД Скопје.

За почетокот на тргувањето на оваа нова членка ќе следи дополнително известување.