Халк Банка доби 10 милиони евра од GGF за финансирање на енергетската ефикасност во Македонија

25

halkbanka-1

Green for Growth Fund (GGF) ѝ одобри заем од 10 милиони евра на Халк Банка наменет за зголемување на енергетската ефикасност (ЕЕ) во Македонија.

Заемот е трет по ред којшто Фондот ѝ го одобрува на Халк Банка Скопје од 2010 година, кога заемодавачот стана првата земја која понуди продукти за финансирање на ЕЕ. Последнава инвестиција ја зацврстува оваа успешна, долгорочна соработка и го отсликува докажаниот стремеж на Халк Банка за промовирање на намалувањето на енергетската потрошувачка во Македонија, стои во соопштението на банката.

Заемот на GGF ќе ѝ овозможи на Халк Банка да ги зголеми опфатот и количината на Еко – кредитни производи, кои можат да се користат за финансирање на мерки за ЕЕ во македонските компании, за замена на застарена земјоделска опрема на фармите и за опремување на домовите со технологии за пониска потрошувачка на енергија. Освен тоа, последниов заем вклучува техничка помош од GGF, којшто ќе ги поддржи продажните и промотивните активности на Халк Банка, како и создавањето на дополнителни кредитни продукти за ЕЕ.

“GGF и обезбеди поддршка на Халк Банка во поглед на првите заеми за енергетска ефикасност во 2010 година и нашето континуирано партнерство им овозможи на илјадници Македонци да ја намалат нивната потрошувачка на енергија, што претставува една од основните цели на Фондот”, вели Кристофер Ноулс, претседавач на GGF.

Турхан Адеми В.Д. главен извршен директор на Халк Банка АД Скопје, вели: “Кредитите се наменети за енергетски ефикасни проекти, поддршка на проекти со кои се овозможува користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење. Кредитите за енергетска ефикасност ќе помогнат на нашите клиенти да остварат значителна заштеда на примарната потрошувачка на енергија”.

Green for Growth Fund инвестира во мерки наменети за намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 со најмалку 20%, на 19 пазари низ Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Средниот Исток и Северна Африка. Фондот им обезбедува финансии на локалните партнери кои понатаму ги позајмуваат истите на претпријатијата и приватните домаќинства и инвестира директно, првенствено преку придонес во основниот долг, во проекти за обновлива енергија. Кредитната линија на GGF за техничка помош го зголемува влијанието на Фондот преку поддршка во градење на капацитети во локалните финансиски институции и партнерите.

GGF е основано како јавно – приватно партнерство во декември 2009 година од Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, со финансиска поддршка од Европската комисија, Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската банка за обнова и развој и Австриската развојна банка OeEB. Растечката база на инвеститори на Фондот вклучува донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и институционални приватни инвеститори, меѓу кои и Меѓународната финансиска корпорација, Холандската развојна банка FMO, Германската етичка банка GLS, Црквата на Шведска. GGF е управуван од страна на Oppenheim Asset Management Services S.àr.l., Луксембург, со совети од Finance in Motion GmbH. MACS Management & Consulting Services GmbH, Франкфурт на Мајна има улога на технички советник.