Халк Банка нуди Промо депозит со атрактивни камати за штедење во денари и евра

43

halk banka promo depozit

Халк Банка, по повод месецот на штедење, го претставува Промо депозит – промотивен производ со атрактивни каматни стапки за штедење во денари и евра.

Промотивниот период, како што се наведува, важи до 31-ви октомври. Номиналната каматна стапка за депозити со исплата на каматата месечно/ на денот на доспевање за 24 месеци во МКД е 3,65%, додека во ЕУР е 2,45%.

Меѓу основните карактеристики на овој депозит се: минимален износ на вложување 3.000 денари или 50 евра, рок на орочување од 24 месеци, без делумни исплати и уплати на депозитот пред истекот на датумот на доспевање, депозитот автоматски се реорочува по истекот на периодот на орочување, додека при предвремено раскинување на депозитот, банката пресметува камата по видување.