Халк Банка отвори нова филијала во Дебар

464

halk banka debar

Халк Банка на шести овој месец ја отвори својата нова филијала во Дебар, се вели во соопштението.

“Во моментот мрежата на филијали на Халк Банка АД Скопје брои 35 филијали, од кои 16 во Скопје, а останатите распространети во 19 градови низ Републиката. Со отворањето на нови модерни филијали и реновирање на постоечките филијали, Халк Банка АД Скопје континуирано се посветува на подобрување на квалитетот на  услугите, со цел задоволување на потребите на граѓаните и на бизнисите на квалитетен и конзистентен начин“, стои во соопштението.

ВД главниот извршен директор на Халк Банка АД Скопје, Турхан Адеми ја отвори свеченоста и им се обрати на присутните гости, заблагодарувајќи им се за нивното присуство и поддршката за растот на банката.

Тој ги истакна најголемите достигнувања на банката за 2015 година и истовремено го истакна иновативниот пристап на услугите на банката, за што говори и воведувањето на првата мобилна апликација за правни лица во банкарскиот сектор на Република Македонија, како и воведувањето на апликацијата за физички лица, со овозможување на полесен пристап до банкарските услуги за сите клиенти.