Халк Осигурување доби дозвола за емисија на акции вредни четири милиони евра

47

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое на друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје му дава одобрение да издаде петта емисија од 400.000 обични акции со вкупна вредност од 4.000.000 евра, стои во соопштението.

Оваа емисија е наменета за познат купувач и тоа за постојниот и единствен акционер на друштвото –Халк банка АД Скопје.

Друштвото врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем во влог преку издавање на нови акции по наредба на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, а заради постигнување на потребната адекватност на капиталот на друштвото и создавање на услови за непречено вршење на редовното работење на Халк Осигурување АД Скопје.

Фото: Pixabay