Халк Осигурување преку емисија на хартии од вредност го окрупни капиталот за четири милиони евра

302

Друштвото за осигурување Халк Осигурување А.Д. Скопје е компанија за неживотно осигурување, присутна на македонскиот пазар од 2007 година и со своите 100 вработени влегува во овој сектор на пазарот во државата. Седиштето на Халк Осигурување е во Скопје, но мрежа имаат низ цела држава преку подружници во 20-тина градови.

Доказ за пристапот на пазарот е и последното соопштение коешто преку Македонска берза, ја информира јавноста дека заврши петтата емисија на акции по пат на приватна понуда.

Со оваа емисија се издадени 400.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра за една акција, при што основниот капитал е зголемен за вкупно 4.000.000 евра.

Зголемувањето на основниот капитал е извршен со трансформација на заем даден од страна на единствениот акционер на друштвото, Халк Банка АД Скопје, во влог преку издавање на нови акции од петта емисија по пат на приватна понуда. По завршување на емисијата, основниот капитал на друштвото изнесува 10.500.000 евра.