Халкбанк: Бидете информирани 24/7 со користење на СМС услугата

45

halkbank

Халкбанк Скопје на своите клиенти им нуди можност за користење на СМС услуга, преку којашто ќе добиваат информации за секоја направена трансакција со платежната картичка, реализирана преку АТМ, ПОС терминал или на Интернет.

“СМС известувањето ги опфаќа износот, местото и датумот на овие трансакции: подигнување на готовина од банкомат; подигање на готовина од ПОС терминал на шалтерите во банките; трансакција на ПОС терминал; Интернет трансакции и проверка на состојбата на картичката на банкомат“, стои во соопштението на банката.

Една од главни придобивки од користењето на оваа услуга е заштита од злоупотреба во случај на добивање на СМС известување за трансакција што не е направена од страна на имателот на картичката, по што веднаш може да се блокира картичката. Клиентите, со користење на оваа услуга, се заштитени од повеќекратно извршување на иста трансакција на ПОС терминалите, како и проверка на износот од извршената трансакција.