Халкбанк ги повикува љубителите на трчањето да бидат дел од HalkEco Скопје Трча 10КМ

40

На 13 јуни, по едногодишна пауза поради пандемијата, љубителите на трчањето повторно ќе имаат можност да учествуваат во традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМкоја ќе се одржи во Скопје.

Организатори на овој спортски настан се Сојузот на спортови на Град Скопје и Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје. Генерален спонзор на HalkEco Скопје Трча е Халкбанк АД Скопје, која овојпат симболиката на 10 км трка ја поврзува со одбележувањето на својот јубилеј – 10 години успешна работа на македонскиот пазар.

Трката ќе биде организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите. Тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови, според таргет времето кое го имаат избрано, а во секој стартен бокс ќе мора да има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар. Носењето заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката. Стартот и целта на трката се планирани да бидат на булевар Илинден, во близина на фонтаната Лотус, со што ќе се трча по булевар Илинден и дел од булеварот Партизански одреди.

Халкбанк која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа HalkEco, и годинава продолжува да вложува во спортот. Минатата година таа даде поддршка за организирање на првата хронометар трка HalkEco Хронометар 10KM која беше прв спортски настан организиран во услови на пандемија. Банката успешно ја организираше и хронометар велосипедската трка Halk Velo Green каде во Маврово се натпреваруваа и професионални велосипедисти, но и вљубеници во овој спорт.

Во средиштето на платформата HalkEco на Халкбанк е истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови CO2 и да се вклучат во заштита на зеленилото.  За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции. Истовремено, на овој начин обезбедува и дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Ценејќи дека сите имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и за грижа за планетата Земја, Халкбанк и ги повикува сите љубители на спортот и трчањето да се пријават најдоцна до петок,  4ти јуни 2021 година и да бидат дел од HalkEco Скопје Трча 10КМ.