Halkbank ќе ги корегира каматните стапки на активни депозити

72

halkbank-580x325Халкбанка Банка АД Скопје ги известува клиентите дека ќе изврши корекција на каматните стапки на активните депозити за физички лица со променлива каматна стапка и тоа сите денарски депозити со каматна стапка над 2,80% и девизните депозити во евра со каматна стапка над 1,40%.

Корегираната каматна стапка ќе изнесува 2,80% за денарските депозити и 1,40% за девизните депозити. Оваа каматна стапка ќе почне да се пресметува од 1 април.

Клиентите подетални информации можат да добијат во матичната филијала на банката.