За полесен и побрз пристап до условите на Халкбанк Скопје за физички лица е изработена мобилна апликација, којашто е бесплатно достапна за нивните клиенти.
Мобилно електронско банкарство на Халкбанк Скопје е банкарска апликација наменета за мобилни уреди од поновата генерација. Апликацијата на клиентите им овозможува увид во нивните сметки и можност да вршат трансакции на брз и едноставен начин.
Најавувањето на апликацијата се врши со корисничко име и лозинка коишто се користа за најава на е – банкинг сервисот.
Мобилната апликација за електронски банкарство нуди: увид во сметки, платежни картички, кредити, курсна листа, извршување на плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 налози од трансакциска сметка, можност за креирање на сопствени шаблони за плаќање, менувачко работење, лоцирање на најблиски банкомати и филијали, промена на лозинка и 24/7 телефонски контакт со банката.