Халкбанк отвори две нови филијали во Кавадарци и Чаир

29

halkbanka

Турската Халкбанк овој месец отвори две нови филијали во Кавадарци и Чаир.

“Ова претставува уште еден успешен чекор на банката, која продолжува да ја зголемува својата присутност и достапност, со цел континуирао и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и на стопанството“, стои на официјалната страница на банката.

И во двете филијали, како што се наведува, ќе бидат достапни сите производи и услуги на Халкбанк (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање на Visa, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички), ќе се презентираат сите новини кои банката постојано ги воведува на пазарот, а ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.