Halkbank се откажа од купување на Чачанска банка

25

cacanska_banka

Турската државна банка Halkbank соопшти дека пропадна нејзиниот обид да купи 76,76% од акциите на српската Чачанска банка. Halkbank во соопштението наведува дека не успеале да се договорат за цената со српските соговорници, пишува турскиот весник Хуријет.

Во сопственичката структура на Чачанска банка удели имаат државата Србија (28,49%), Европската банка за обнова и развој (29,9%), Меѓународната финансиска огранизација IFC, огранок на Светска банка (20%) и други малцински акционери.

Halkbank е шеста по капитал банка во Турција, со 862 филијали ширум земјата.