Халкбанк со 3D Secure известување за своите клиенти

24

halkbank-580x325

Халкбанк АД Скопје на своите корисници на дебитни и кредитни картички, од седми овој месец, им овозможи највисоко ниво на безбедност и заштита при нивните интернет плаќања во земјата и странство, стои во соопштението.

Visa и MasterCard дебитните и кредитните картички издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).

Со имплементирање на 3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code протоколот, на мобилниот телефон на корисникот се испраќа СМС порака со еднократна лозинка (OTP) со која се врши валидација на интернет трансакциите.

За успешно да биде доставена СМС пораката потребно е корисникот да го ажурира својот мобилен телефон. Ажурирањето може да го направите во најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или со јавување во дежурниот контакт центар на телефонскиот број 02/3296-330.