Халкбанк воведува скалеста годишна членарина за кредитни картички

24

halkbank

Халкбанк воведува скалеста годишна членарина за физички лица кои имаат кредитни картички од брендот (Mastercard Standard, Mastercard Contacless, Mastercard World,Visa Classic и Visa Gold).

“Воведувањето на скалестата членарина им овозможува на корисниците на кредитните картички да ги намалат трошоците за членарина или пак целосно да ги избегнат. Колку повеќе ја користите Вашата Халкбанк кредитна картичка во секојдневните купувања, толку помалку членарина плаќате“, стои во соопштението на банката.

Тарифата за скалеста членарина за кредитните картички на Халкбанк е следната:

Mastercard Standard/ Mastercard Contacless/ Visa Classic (годишна членарина 1.200 денари)

  • Без членарина за направен годишен промет од минимум 90.000 денари
  • 600 денари членарина за направен годишен промет од минимум 60.000 денари
  • 800 денари членарина за направен годишен промет од минимум 30.000 денари

Visa Gold (годишна членарина 1.800 денари)

  • Без членарина за направен годишен промет од минимум 150.000 денари

Mastercard World (годишна членарина 3.000 денари)

  •  Без членарина за направен годишен промет од минимум 150.000 денари

*Во вкупниот годишен промет влегуваат сите трансакции направени на POS ,ATM и Е -commerce.