Халкбанка отвори нова филијала во општина Карпош

38

halkbank

Халкбанка ја отвори новата филијала во општина Карпош на булеварот Партизански одреди број 102.

“Со модернизирање на оваа филијала продолжуваме да работиме во согласност со нашата стратегија, следејќи ги новостите и современите достигнувања во банкарскиот свет, притоа навремено имплементирајќи ги во секојдневното работење на нашите филијали“, стои во соопштението на банката.

Со ова, како што се наведува, банката прави чекор понапред кон целта да биде што поблизу до клиентите и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и стопанствениците.

“Преку модернизирање на постоечките и отворање на нови филијали на атрактивни локации, банката постојано внимава на своите и постоечки и потенцијални клиенти да им овозможи квалитетна и навремена услуга во пријатен амбиент, истовремено задоволувајќи ги нивните банкарски потреби“, се вели во соопштението на Халкбанка.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на банката: штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање на VISA, Master Card, Maestro и Pay Pass, а ќе се презентираат сите новини кои банката постојано ги воведува на пазарот.

Халкбанка до крајот на 2015 година достигна бројка од 34 филијали во вкупно 19 градови во земјата.