Хамбургер од 2.000 долари

27

luksuz-fancy-delicious-najskuplji-hamburger-na-svetu_1Ако сакате да го почувствувате вкусот на гламурот и ако имате малку подлабок џеб, можете да го пробате најскапиот хамбургер на светот – Glamburger. Лондонскиот ресторан Honky Tonk моментално го служи овој фаст-фуд оброк чија цена е приближно 2.000 долари.

Плескавицата на хамбургерот е комбинација од два типа на говедско месо Kobe Wagyu и говедско од Нов Зеланд.

luksuz-fancy-delicious-najskuplji-hamburger-na-svetu_3

Тука се и црните тартуфи во комбинација со хималајска сол, а лепчињата се зачинети со специјален јапонски прелив Matcha, што се прави од зелен чај и крем мајонез.

Хамбургерот содржи и канадски лосос, ирански шафран, а како прилог има и маринирана сланина во сируп, Белуга кавијар, јајца од патка, прекриени со златни ливчиња. На крај оваа скапа калорична бомба е декорирана со манго и пена од шампањ со бели тартуфи.

Горниот дел на лепчињата е прекриен со златни ливчиња што се јадат.