Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува дека Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Вредноста на една акција изнесува 7.825,95 денари.
Инаку, Комерцијална банка, во период од први јануари до 31-ви декември 2020 година, оствари добивка од 1.939.134.000 денари, покажа консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, банката прикажа добивка од 1.826.825 денари.
Фото: Pixabay