Haribo ја загуби правната битка за златните мечиња од Lindts

26

lindt haribo

Швајцарскиот производител на чоколади Lindt & Spruengli ја доби легалната битка над неговиот конкурент од Германија – Haribo, пишува BBC.

Причината поради која двете компании се соочија пред суд е тоа што Haribo се обиде да го спречи производството на нивните чоколадни мечиња. Според Haribo, овие златни мечиња на швајцарскиот конкурент значат своевидна повреда на нивното лого.

Германскиот федерален суд пресуди дека мечињата на Lindt не ја повредуваат трговската марка на Haribo, ниту значи имитација на логото на познатите гумени бонбони.

Haribo може да се пофали со производство на гумени бонбони во форма на мечиња уште во 60-тите години од минатиот век, додека Lindt ги претстави чоколадните мечиња во 2011 година.