Автомобилската индустрија постојано развива нови начини за заштита на возачите од повреди. На тој начин возењето станува посигурно и побезбедно, а и возачот и неговите сопатниците се чувствуваат попријатно.
Биомеханичкиот институт во Валенсија, Шпанија, разви прототип на систем што поврзува додатоци што го следат дишењето, пулсот и другите податоците во текот на секојдневните активности на луѓето. Harken е систем што го мери пулсот, преку појасот на возачот и ритамот на дишењето преку сензорите што се сместени во навлаката на возачкото седиште.
Системот се активира во моментот кога сензорите ќе регистрираат дека возачот заспива и вклучува аларм што има за задача да го разбуди возачот пред тој да ја загуби контролата над возилото.
“Варијациите во пулсот и ритамот на дишењето се индикатори за состојбата на возачот бидејќи се поврзани со заморот. Кога луѓето преминуваат во полубудна состојба, доаѓа до промена на пулсот и ритамот на дишењето и Harken може да ги следи тие варијабили и да го предупреди возачот на време“, соопштуваат од шпанскиот институт.
Овој систем научниците го тестираа на затворен простор, а на ред е тестирање во реални услови.