Harley Davdison претстави електричен баланс-мотор за деца

127

Американската компанија за производство на мотори Harley Davdison за прв пат креираше мини мотор наменет за најмладите од три до седум годишна возраст. Станува збор за два модели на електрични баланс-мотори IRONe12 за помали и IRONe16 за поголеми деца.

Моторите се опремени со литиум јонски батерии коишто се полнат за 30 до 60 минути во зависност од моделот.

Седиштетото се приспособува на висина на детето, а качувањето и слегување од моторот се прави лесно и безбедно.

Двата модели имаат три брзини: тренинг, стандард и напредна. Со почетната, тренинг се поминува 8,05 km/h, со стандард се вози 11,27 km/h, додека со напредната детето вози со брзина од 14,48 km/h.

Почената цена е 649 долари.

Фото:Facebook