Хартиена батерија што произведува струја од плунка

47

voda

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот Бингхамтон од Њујорк направија батерија којашто може да работи со една капка плунка и да генерира доволно електрична енергија за 20 минути да напојува LED светилка.

“Батеријата е направена од посебни бактериски ќелии коишто можат да ги соберат надворешните електрони на електродата. Оваа батерија може да се користи и во екстремни климатски услови како оние во пустината. Сè што ви е потребно е органска материја за да се активираат бактериските ќелии коишто се замрзнати“, вели еден од научниците, Сеокеун Чои.

Плунката ги “буди“ замрзнатите ќелии и нуди храна на микроорганизмите. Батеријата ќе почне да произведува енергија неколку минути откако ќе капне на батеријата. Батеријата ќе може да се користи за напојување на мали медицински уреди (тестови за бременост или ХИВ тестови). Тоа е голема предност за државите во развој каде многу луѓе не можат да си дозволат користење на конвенционални батерии. Освен со користење на плунка, батеријата може да работи користејќи друг извор на органски материјал (валкана вода), пишува Popular Science.

Батеријата е изработена од хартија, јаглерод и восок. Предноста на овие батерии е што не содржат отровни супстанци за разлика од конвенционалните батерии кои испуштаат отровни хемикалии.