Хартиени кеси за храна – одличен начин на рекламирање

300

mydej

Рекламната индустрија постојано е во потрага по нови канали на продажба. Печатените реклами и огласи на хартиените кеси во кои секојдневно се пакува леб, бели печива или лекови е многу интересен концепт, пренесува порталот franchising.hr.

Со продажбата на овој “рекламен простор“ се занимаваат неколку компании од Полска. Една од нив е MyDej Group од Катовице.

mydej gr

“Нашите хартиени кеси со реклами и огласи од различни компании веќе се дистрибуирани во десетина пекари, продавници и аптеки каде бесплатно ги користат илјадници луѓе. Благодарение на тоа, компаниите што се рекламираат на овој начин многу лесно и едноставно доаѓаат до нивните потенцијални купувачи и клиенти“, вели Пиотр Дејер, сопственик на компанијата MyDej Group.

Другата предност од овој концепт е во тоа што трошоците за печатење се помали одошто другите видови на рекламирање. Освен тоа, како што вели Дејер, потрошувачите имаат позитивно мислење за овој вид на огласување, бидејќи не е агресивно за разлика од летоците или телевизискиот маркетинг.

mydej lek

Хартиените кеси се направени од еколошки материјал, имаат сертификат што потврдува дека се целосно безопасни и може слободно да дојдат во допир со храна.