HARVEST – уред од пет долари што создава чиста енергија

17

Maanasa-Mendu-Full-Width-Tall-1020x534

Тринаесетгодишната Маанса Менду од САД, создаде иновативен уред, под името HARVEST, којшто сончевата енергија, ветрот и дождот ги претвора во обновлива енергија, пишува Inhabitat.

Инспирацијата за овој уред ја добила на патување во Индија, каде што забележала голем број луѓе кои живеат без вода или струја.

HARVEST користи соларни ќелии и материјали чувствителни на вибрации, коишто акумулираат енергија кога времето е врнежливо, сончево или ветровито.

HARVEST има симболична цена од само пет долари.