Hate наместо Like, нова друштвена апликација Hater

27

hater-e1363012473822Честопати со опцијата like на Facebook се чувствуваме приморени да ‘лајкуваме’ и нешто што всушност не ни се допаѓа.

Токму затоа Џејк Бенкс се реши да направи нешто сосема спротивно од тоа – апликација Hater со која ќе можете да слободно да кажете ако нешто не ви се допаѓа и истото да го објавите.

“Го гледав тој друштвен свет и размислував што недостига во него. Hater е мој одговор на сето она што се случува на социјалните мрежи каде единствено можете да ги ‘лајкувате’ работите. Не сакам да бидам нешто што не сум. Сакам слободно да кажам ‘заглавив во метежот и не ми се допаѓа тоа’,” изјави Бенкс за IT порталот Mashable.

Hater е прилично едноставна апликација и е базирана на принципот на Instagram –  корисниците фотографираат нешто што не им се допаѓа и заедно со фотографијата пишуваат краток текст или наслов. Останатите членови на мрежата потоа можат да коментираат на постот или истиот да го “хејтаат”, односно да кликнат на палецот свртен надоле.

Hater моментално го имаат само корисниците на iPhone, а за некој месец ќе биде достапен и за мобилните уреди кој работат на оперативниот систем Android.