HBO во Хрватска ќе потроши 5,3 милиони евра за снимање на Game of Thrones

16

thrones-castВо арборетумот Трстено крај Дубровник вчера започна снимањето на четвртата сезона на популарната серија Game of  Thrones. По завршувањето на снимањето на оваа локација, сетовите ќе се преместат во Дубровник, Сплит и уште неколку места, а снимањето во Хрватска ќе трае 37 дена. HBO, во чија продукција е серијата, на снимањето на серијата во Хрватска ќе потроши 5,3 милиони евра, од кои државата ќе им врати нешто повеќе од еден милион.

“За снимање во Хрватска плативме 5,3 милиони евра, а државата ќе ни врати околу еден милион евра, што е фантастично и една од причините зошто го избравме Дубровник. Ако имаме потреба за кадри од Хрватска, ќе се вратиме и за петтата сезона”, вели Бернардет Каулфилд, продуцент, пишува Јутарњи лист.

Доаѓањето на Game of Thrones по трет пат во Дубровник ги поттикна и туристите, кои во организирани тури ги посетуваат локациите на снимање.