Head & Shoulders во шише од рециклирана пластика од плажи

31

thumbnail-en-2

Американската мултинационална компанија Procter & Gamble го претстави првото шише за шампон од брендот Head & Shoulders, направено од рециклирана пластика од плажите.

Ова шише содржи 25% рециклирана пластика, а е изработено во соработка со американската TerraCycle и француската Suez.

head-and-shoulders-sise-od-reciklirana-plastika

“Сметаме дека лидер во продажба на шампони, треба да биде лидер и во оддржливи иновации и знам дека ќе ја поттикнеме целата индустрија да го направи истото“, изјави Лиса Џенингс од Procter & Gamble.

За потребите на овој проект се неопходни 2.600 тони рециклирана пластика годишно.