Heated Razor – луксузен брич од Gillette што се загрева до 50 степени

106

Новиот производ на Gillette е ликсузен брич којшто се загрева до 43, односно 50 степени и чини неверојатни 200 долари.

Според Gillette, којашто е во сопственост на конгломератот Procter & Gamblе, има вградени сензори за безбедност коишто превенираат прекумерно загревање, пишува CNN.

Производ е една од заложбите на компанијата да покаже дека е ориентирана кон иновации и последни технологии.

Gillette минатата година за прв пат го престави бричот на платформата за групно финансирање Indiegogo, каде што се распродаде за една недела. Поттикнати од успешната кампања, сега тимот на Gillette го носи луксузниот производ на пазарот, којшто ќе биде достапен како пред-нарачка на веб страната на Gillette и во продавниците Art of Shaving на P&G.

Бричот има нерѓосувачки дел од челик што се загрева за секунда, пет тенки сечила и батерија што трае шест бричења со едно полнење.
Фото Indiegogo