Heineken го зголеми уделот во Пивоварна Лашко

64

heineken lasko

Холандскиот производител на пиво Heineken презеде 43,49% од акциите на словенечката Пивоварна Лашко, пишува RTV Slo.

Со ова, Heineken го зголеми својот удел на 96,92% од акциите на словенечката компанија за производство на пиво. Холандски Heineken ја поднесе понудата за преземање на овие акции во ноември минатата година.

Оваа компанија има долга традиција на купување силни локални пивски брендови.