Heineken Hrvatska ќе произведува пиво на соларна енергија

46

Фото: Pixabay

Компанијата Heineken Hrvatska изгради соларна електрана на површина од 4.430 квадратни метри и е во рамки на својата пиварница во Карловац, пишува Poslovni dnevnik.

На покривот на хрватската пиварница се поставени 1.380 соларни панели, кои според проценките ќе произведуваат околу 395.000 киловат часови електрична енергија. Тоа воедно претставува и бројката на заштеда на електрична енергија на компанијата, а тука се и придобивките за животната средина, како намалувањето на емисија на штетни гасови, кое на годишно ниво изнесуваат 118,5 тони.

Иако соларната енергија ќе се користи исклучиво за потребите на компанијата, сепак се работи за интегрирана соларна електрана која евентуалниот произведен вишок на енергија ќе може да го предаде на јавната мрежа.

Целиот проект е завршен за два месеци и чинел 2,7 милиони евра, без било каква државна помош. Панелите се од гермаско производство, но и покрај тоа електраната содржи 20% домашни компоненти. Со оглед на моменатлните цени на електричната енергија, инвестицијата се очекува да се исплати за седум и пол години.