Heineken и Carlsberg со понуди за Пивоварна Лашко

95

gotova

За докапитализација на словенечкиот произведувач на минерални води и пиво Пивоварна Лашко, стигнале седум обврзувачки понуди. Понуди дале пиварниците Heineken и Carlsberg, како и повеќе инвестициски фондови, пишува словенечки Вечер.

Моменталната вредност на акциите на Пивоварна Лашко на Љубљанска берза изнесува 26 евра, а понудите што ги даваат инвеститорите, неофицијално, се движат од 8 до 27 евра по акција, пишува весникот.

Во процесот на докапитализација избраниот партнер ќе мора да објави и понуда за преземање, со што ќе мора да се согласат сопствениците на најмалку 50% акции на ПЛ. Мнозински сопственик на ПЛ се банките, на кои ПЛ им должи неколку стотини милиони евра, како и државните фондови.