Групацијата Пивоварна Лашко ги започна подготовките за изнаоѓање соодветен инвеститор за докапитализација на компанијата, која планира преку емисија на хартии од вредност да го обезбеди потребниот капитал.
За докапитализација на Пивоварна Лашко интерес покажаа дури 31 компанија, пишува мариборски Вечер. Меѓу компаниите се и Heineken, InBev, Efes Pilsen и Carlsberg, но и Molson Coors, кој во своето портфолио ги поседува брендовите Corona, Niksicko, Jelen Ozujsko и Staropramen.
Во Лашко планираат со докапитализацијата да соберат најмалку 75 милиони евра. Откако ќе заврши постапката и ќе се избере најповолниот понудувач ќе биде свикано Генерално собрание на акционерите на Лашко. За да биде донесе одлуката мора да глааат 75% од сопствениците на акции во пиварницата, јавува словенечки Дело.