Heineken смета дека Лашко и пивските брендови на Унион се одлична можност за проширување, објектите се високо квалитетни и нудат можност Heineken да вклучи и други свои брендови во производството во Словенија и најави дека ќе предаде обврзувачка понуда, јавува Ројтерс.
По повлекувањето на Carlsberg, Heineken останува најсериозен кандидат за докапитализација и купување на две словенечки пивари од групата Пивоварна Лашко. Во конкуренција пред предавање на обврзувачки понуди се и неколку светски финансиски фондови (KKR, Bain Capital, CVC Capital и Mid Europa Partners).
За купување на најмалку 44,68% акции во Унион и Лашко, сопствениците бараат докапитализација во висина од најмалку 75 милиони евра, а обврзувачките понуди се очекуваат до крајот на следната недела.
Heineken има долга традиција на купување силни локални пивски брендови и веќе е присутен во регионот преку Heineken Хрватска (Карловачка пивовара), Пивара Скопје, српската Пивар МБ, австриска Brau Union, Крушовице и Drinks Union во Чешка, полската Zywiec.