Heinеken за 780 милиони долари ќе се шири кон Гана, Малезија, Јамајка и Сингапур

20

heineken

Холандскиот производител на пиво Heineken и британската мултинационална компанија за производство на алкохол Diageo дадоа согласност за здружување на нивниот бизнис во Гана, Јамајка, Малезија и Сингапур, што ќе значи исплата на 780,5 милиони долари на сметката на Diageo, пишува New York Times.

Heineken се обидува да го консолидира својот бизнис во југоисточна Азија и на Карибите, додека Diageo ја остава целосната контрола на Guinness во Гана.

Холандскиот производител на пиво ќе располага и со дел од уделот во Desnoes & Geddes Limited, компанија во сопственост на Diageo во Јамајка. Покрај тоа, Heineken од британскиот бренд откупи две компании во Малезија и Сингапур.