Хектар нива во Војводина и до 20.000 евра

23

niva

За еден хектар земја во источна и јужна Србија може да се добие најмногу 1.500 евра, додека во Војводина земјата се продава и по 20 пати повисока цена, пишува Вечерње новости.

Според професорот д-р Миладин Шеварлиќ, агроекономист од белградскиот земјоделски факултет, ваквата разлика во цените директно е врзана за проблемот депопулација на селата – таму каде што нема население, нема ни заинтересирани за купување ниви, односно за обработка на земја. Цената на земјата директно зависи и од нејзиното место, квалитет, големината на парцелата, дали има канали за одвод или бунар за наводнување, дали е близу до пат или длабоко во атарот. Секако, големо значење има дали во тој крај земјата е барана, затоа што, како и за се останато што се продава, важат односите за понуда и побарувачка, вели Шеварлиќ за Новости.

Според пресметките на статистичарите, Србија има вкупно 5.734.000 хектари земјиште, односно околу 0,56 хектари по жител. Обработливи се околу 4.867.000 хектари.