Helen Doron бизнис можност: Просперитетот на една држава започнува со инвестиција во раното детство

39

1372366084

Светски познатиот бренд за рано изучување на англиски јазик и ран детски развој Helen Doron Early English, кој оваа година стана достапен и за децата во Македонија, од овој месец ја започнува кампањата за промоција на бизнис моделот кој го нуди Helen Doron Educational Group, можноста за отворање на едукативни центри низ цела Македонија.

Целта е да изградиме добра мрежа низ целата држава, со што на сите деца ќе им овозможиме опција да можат да добијат квалитетна едукација уште од најмала возраст. Од друга страна, ова е вистинска можност за сите креативни и амбициозни луѓе кои сакаат да основаат сопствен бизнис и да ги почуствуваат бенефитите што ги нуди франшизата како бизнис модел. Франшизата претставува популарен начин да се отпочне бизнис, бидејќи нуди поголема сигурност во работењето. Кога купувате франшиза, вие станувате дел од голема организација и добивате огромна поддршка уште од самиот старт. Добивате обуки како да го раководите центарот, обуки на вработените, глобален маркетинг, софтверски решенија итн, со што во секој момент ја чуствувате моќта на мрежата и моќта на веќе изграден и познат бренд. Започнувате веќе разработен бизнис и патот кој вообичаено го оди секој претприемач со неговата старап компанија, во овој случај го има изодено некој друг, а вие никогаш нема да сте сами.  Практиката во САД укажува дека во првите пет години од работата пропаѓаат 80% од стартап бизнисите, a со франшизинг бизнис модел на работење, успеваат да опстанат дури 97% од започнатите бизниси.

За повеќе детали обратете се на Мастер Франшизерот за Македонија:

Best Start Edu Doo, Email: macedonia@helendoron.com, Tel: 071 242 476